Утрово при пукање во Менхетен застрелани се пет лица, соопшти њујоршката полиција.
Полицајците биле сведоци кога напаѓачот застрелал четири лица околу 4 часот изутрина. По ова, полицијата го застрелала осомниченото лице кој е префрлен во болница со полесни повреди. Станува збор за 30 – годишен маж кој отворил оган, а мотивот сè уште не е познат.