Published: Monday, December 16, 2013 12:38
Пет лица се повредени во пукотници од огнено оружје во тетовско Жеровјане.
Инцидентот се случил во 5 часот изутрина во угостителскиот објект „Ловец“ кога три, засега непознати лица почнале да пукаат кон ресторанот каде што се наоѓале петте повредени.
Повредените итно биле пренесени во медицинскиот центар во Гостивар, а потоа префрлени во ургентниот центар во Скопје.
Напаѓачите веднаш по инцидентот избегале во непознат правец. Полицијата трага по нив.




