Published: Monday, May 5, 2014 10:21
Во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот патен правец Битола-Прилеп на лице место загинале Д.И. (38) и Б.Р. (24) двајцата од Битола и Ѓ.Ф. (20) од Прилеп кои патувале со возилото „Фиат-тофас“. На местото на несреќата загинаа и лицата З.А. (17), А.Н. (19), а тешко повредени се А.Х. (21) и М.Ј. (18) сите жители на крушевското село Алданци, информираат од СВР-Битола.
Во сообраќајната несреќа учествуваа патничко моторно возило марка „Фиат-тофас“ со скопски регистерски таблици и патничко моторно возило „Фолксваген-Голф“ со битолски регистерски таблици, а сообраќајот на регионален патен правец Битола-Прилеп до 1 часот по полноќ беше во прекин.




