Петнаесет возила со македонски и со странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово оти вршеле подготовки за организирање на диви трки на автопатот Тетово – Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.