Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска – Грам: Враќање на политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за да се спречи натамошна ескалација

0
By Ана Василевска on September 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инцидентот и тоа што се случува таму нема директно влијание и од информациите со кои досега располагаме и кои ги разменуваме не влијае на загрозување на безбедноста на нашата држава. Тоа го гарантира и фактот дека сме земја членка на НАТО и тоа што изминатиов период вложуваме многу во одбраната. Меѓутоа, се разбира, секоја од институциите во Република Северна Македонија има обврска да придонесе за нашата национална безбедност, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со вчерашниот оружен напад на северот од Косово и како тоа ќе се одрази во нашата држава.

Во одговор на новинарски прашања на прес-конференцијата со министерот за одбрана на Норвешка Бјорн Арилд Грам, Петровска рече дека ситуацијата во Косово се следи одблиску, со оглед дека земјава со свои трупи учествува во мисијата на КФОР во Косово, и дека не е едноставно за кој било, како што рече, кога „во регионот има инцидент, особено кога е нападната полиција на одредена држава“

– Како министерка за одбрана, апсолутно го осудувам нападот врз косовската полиција, изразувам жалење кон семејството и се надевам на побрзо закрепнување на повредените. Ова е само уште еден доказ дека и Белград и Приштина мора интензивно да работат на дијалогот додека тоа не биде предоцна. Одговорноста на секој од нас кои имаме политички позиции во дадени моменти во државите е да носиме одлуки со кои ќе носиме мир и просперитет на граѓаните, а нема да создаваме конфликти и поделби. Приоритет за нас е ситуацијата во Косово и во регионот да биде стабилна со цел да продолжат процесите, особено интеграциските процеси, на сите држави од регионот кои, декларативно ќе ги чуете и видите во изјавите на сите политичари. Време е за носење мудри одлуки и време е за одлуки од кои граѓаните во државите ќе видат бенефит и она што сите ние го ветуваме во даден момент, рече Петровска.

Она што не сакаме да се случи, додаде министерката, се дополнителни конфликти или во Косово или во регионот кои, практично, како што рече, ќе направат дестабилизација на регионот.

-Не е грижата само дали Република Северна Македонија е безбедна, да, ние сме безбедни, меѓутоа преку сите тие учества во бројни мисии, особено во мисиите во регионот, и во Косово и во Босна и Херцеговина,  Република Северна Македонија сака да биде и контрибутор и да придонесе кон регионалната безбедност и стабилност, додаде Петровска.

Министер за одбрана на Норвешка Бјорн Арилд Грам изрази загриженост и го осуди нападот врз косовската полиција во Косово нагласувајќи дека „вакви напади се неприфатливи“.

Како и Петровска, и тој порача дека „двете страни треба да ја исполнат својата улога, повторно да го вратат дијалогот“.

– Сите сме загрижени за безбедносната ситуација во северно Косово.  Норвешка го осудува нападот врз косовски полицајци вчера и би сакал да го изразам моето сочувство до семејствата на оние што загинаа. Овој трагичен инцидент ја илустрира важноста за намалување на тензиите во северно Косово и политичкиот дијалог мора да се врати повторно за да се спречи понатамошна ескалација, рече норвешкиот министер за одбрана.

На прашањето дали ситуацијата во Косово може да се споредува со таа во Украина, одговори дека не знае дали е продуктивно да се споредуваат различни конфликти.

-Секоја ситуација има своја динамика и секоја ситуација е сама за себе и со неа треба да се справуваме на соодветен начин, рече Грам.

Дијалог Белград Приштина Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.