Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска на состанок со политичките и воени дипломати на НАТО во земјава

0
By Соња Крамарска on July 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска имаше работен состанок со амбасадорите и одбранбените аташеи на земјите членки на НАТО и земјите поканети за членство во Алијансата, Шведска и Финска, со фокус на клучните
одлуки од самитот на НАТО во Мадрид.
Петровска на средбата нагласи дека донесувањето на новиот Стратешки концепт, засилувањето на заедничката одбрана и одвраќањето, како и силната политичка и практична поддршка за Украина ќе овозможат прилагодување на новата безбедносна реалност на континентот со цел НАТО да продолжи да биде гарант на
мирот и безбедноста на своите земји членки.
„Заложбата на сите е дека треба одлучно да се брани и одбрани меѓународниот поредок заснован на правила, демократија, индивидуални слободи и човекови права. И покрај разликите, сојузниците отсекогаш можеле да се обединат околу основната
цел: да се бранат едни со други и да ги чуваат луѓето безбедни“, рече шефицата на одбраната.
Петровска потенцираше дека руската инвазија врз Украина го наруши мирот во Европа, но ги сплоти сојузниците, додавајќи дека во ера на променета безбедносна архитектура на европскиот континент, историските одлуки на Шведска и Финска за влез
во НАТО, само ќе ја зајакнат Алијансата и евроатланската безбедност.
Од страна на дипломатите кои присустваа на состанокот беше нагласено дека за секоја одлука ќе имаат кохерентен и комплементарен пристап со цел взаемно зајакнување на меѓународниот мир и безбедност. Земјите членки ќе бидат фокусирани на стабилноста на евроатланската област преку воената мобилност, отпорноста, влијанието на климата, Агендата за жени, мир и безбедност, како и борбата против сајбер и хибридните
закани и преку решавање на системските предизвици со кои се соочува Алијансата. (Р.Н.)

амбасадори на НАТО Славјанка Петровска Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
ФОКУС

Бројот на загинати во пожарот во Хонг Конг порасна на 75 – над 300 исчезнати

ВЕСТИ November 27, 2025

Бројот на загинати во разорниот пожар што зафати блок станбени згради во Хонг Конг се…

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг но многумина сè уште се водат како исчезнати

November 27, 2025

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

November 27, 2025

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.