Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска на УБ: ВМРО ДПМНЕ нема, а мора да има јасен став за Преспанскиот договор

0
By НОВА ТВ on November 2, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 2, 2021 11:32

Одлука да не се користи уставното име ВМРО – ДПМНЕ како партија ќе треба да ја образложи и нормално да сноси некаков вид на политички санкции би рекла. Популистичка е таа одлука, тоа што се случи вчера. Тоа покажува дека во ВМРО – ДПМНЕ ништо апсолутно не е променето ниту пак е реформирано, рече пратеничката Славјанка Петровска во гостувањето на “Утрински брифинг”

-Однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ во изминатиов период и пред кампањата и во текот на кампањата, а и сега покажува дека тие се далеку од реформирање, а и далеку од ЕУ. Тие ризикуваат да предизвикаат во државата отворање на дополнителни прашања за кои мислам дека ниту еден модар и рационален политичар не би го направил истото. Кога сакате и мислите добро на државата не се враќате назад туку одите напред. ВМРО – ДПМНЕ треба да даде изрично јасен одговор, кој е нивниот став по Преспанскиот договор. Тие ќе треба да објаснат што значи тоа нема враќање назад, појасни Петровска.

Според неа коалиционите партнери застанале зад оваа актуелна Влада и потврдиле дека таква Влада и е потребна на нашата држава.

-Периодот кој што претстои, генерално гледајќи ги случувањата на светската сцена, најавуваат сериозни проблеми и во енергетиката, но и во економијата кој се одраз на она што ни се случуваше изминатата година со Ковид – 19 и од тука сме поприлично внимателни со процесуирањето на сите одлуки, појасни таа.

Според Петровска одлуката која што претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја соопштил вечерта по соопштувањето на изборните резултати, е негова лична одлука.

-Ние како партија секако дека ја почитуваме неговата одлука, но престои период во кој што таа одлука ќе треба да биде дискутирана во рамките на органите на партијата. Меѓутоа, веќе вчера како што можевме да видиме од медиумите започнаа разговорите со коалиционите партнери, главната порака која ја испратија коалиционите партнери е дека постои стабилно владеачко мнозинство. Ова не го кажувам само за да ја демотивирам опозицијата затоа што најавуваат обиди за преговори за ново мнозинство, туку затоа што сакаме да упатиме порака кон граѓаните дека имаме стабилно мнозинство и дека ниту со еден чекор не сакаме да предизвикаме било какви политички турбуленции во нашата држава или да речеме политичка или економска криза, појасни Петровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.