Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Нема ништо спорно во набавката на хеликоптерите, ја поздравувам одлуката на ДКСК да расчисти било чии сомнежи

0
By Marija Todorovska on March 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема ништо спорно во набавката на хеликоптерите, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во емисијата 10 минути на ТВ 21 коментирајќи го отворањето на предмет од страна на Државната комисија за спречување на корупција за оваа набавка. 

„Ја поздравувам одлуката на ДКСК која што во рамките на своите надлежност има право и обврска секогаш кога постојат одредени сомнежи во јавноста, таа во делокруг на својата надлежност да ги расчисти. Од причина што нема ништо спорно во оваа постапка која што е спроведена согласно закон и законските постапки го поздравувам ваквиот чин на ДКСК и јавно кажувам дека стојам на располагање и јас како министерка, и Министерството за одбрана сите документи кои што ќе им помогнат во дефинирање на вистината да ги доставиме и да сме достапни“, беше децидна министерката.

Петровска детално го објасни процесот кој претходеше на одлуката за набавка на хеликоптерите, потребата од овие хеликоптери и законската основа за оваа набавка.

„Ова е постапка која е започната многу одамна, односно пред неколку години и тоа е согласно Законот за набавки од областа на одбраната и безбедноста каде што се предвидува инструмент за склучување на договори Влада-со-Влада”. 

Додаде дека за сите набавки потребно е финансиските средства да бидат планирани, особено имајќи предвид дека во голем дел од набавките кои се однесуваат на склучување на договори Влада-со-Влада, станува збор за големи суми на финансиски средства, поради што се склучуваат повеќегодишни набавки. Во 2024 година, оваа година, рече министерката, оваа набавка е предвидена.

Модернизацијата на Армијата, истакна таа, се одвива согласно Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, кој е претставен во Собранието, односно Комисијата за одбрана и безбедност. Токму во овој план е предвидено набавката на хеликоптери да започне во 2024 година.

„Ние пред неколку години сме предвиделе дека во 2024 година во буџетот ќе имаме ослободени средства кои ќе можеме да ги намениме за оваа намена имајќи предвид дека неколку години во тек се крупни набавки за кои исто така одобруваме национални средства“, рече Петровска и додаде дека договорот се склучува во март затоа што на тоа претходеше комплетната процедура на Интегрираниот проектен тим составен од експерти во одбраната и во Армијата и повеќе состаноци на Управната група во Министерството за одбрана.

За изборот на компанијата, министерката рече дека тоа е задача на Интегрираниот проектен тим и дека членовите на тимот не ги разгледуваат само перформансите, туку и одржувањето, тренингот и слично. 

Сите овие елементи го прават  целосниот пакет, согласно перформансите и методологијата на проценка на понудите – најповолен, рече Петровска.

ДКСК Славјанка Петровска Хеликоптери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.