Published: Saturday, April 27, 2024 09:42
Во ТВ соочување на Канал 5 Телевизија, носителката на изборната листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ Шест, Славјанка Петровска порача дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам.
Името Македонија го нема во вашиот Статут кој го сменивте во 2021 година. Замислете, партијата која тврди дека е најнационалната и најпатриотска партија, ниту еднаш не е спомнато името Република Македонија или Република Северна Македонија. Тој статут на ВМРО-ДПМНЕ зборува за кукавичлукот и за предавството, на народот му е преку глава од лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ“ ѝ реплицираше Петровска на носителката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.




