На годишен одмор никогаш не биле 17 отсто од македонските граѓани, покажува најновото истражување на „Евробарометар“, пренесува весникот НОВА МАКЕДОНИЈА.
Истражувањето покажало дека од вкупниот број граѓани што лани заминале на одмор околу 37 проценти го минале одморот во земјава, а 17 отсто од граѓаните на одмор заминале во Грција. Половина од македонските граѓани што лани заминале на одмор тоа го сториле во некоја од земјите на Европската Унија.
Во однос на испитаниците што не биле никаде на одмор во 2013 година, 64 отсто од Македонците не го сториле тоа поради финансиски причини, 16 проценти од лични причини, шест отсто претпочитале да останат дома, а четири отсто не можеле поради работни обврски.
Според истражувањето на „Евробарометар“, 55 проценти од Македонците барем една ноќ престојувале надвор од својата земја од лични или професионални причини, а 42 отсто тоа не го сториле ниту еднаш. Прочитајте повеќе во НОВА МАКЕДОНИЈА на овој линк.




