Двајца мажи, две жени и едно дете загинаа, а три деца се повредени, при пад на мал авион во западниот дел на Германија.
Како што јавуваат германските медиуми, едномоторниот авион од типот „пајпер“ се срушил синоќа на едно поле кај Дортмунд.
Леталото се враќало од германскиот северен брег, а се срушил на околу 30 километри од местото каде што требало да слета.
Две од повредени деца се најдени надвор од авионот, а едно е извадено од под урнатините.