Фан на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед побарал да разговара со екс-менаџерот сер Алекс Фергусон откако „неговиот“ клуб испадна од Лига купот на домашен терен од Сандерленд.
Тој се јавил на 999 барајќи средба со Фергусон, но оттаму му потенцирале дека бројот служи само за итни повици и жалбата треба да ја упати директно до клубот.
Синоќешниот фудбалски натпревар кој заврши во полза на тимот предводен од Уругваецот Густаво Појет, предизвика гнев кај фановите на Јунајтед, кој веќе подолго време се незадоволни од водството на клубот под Дејвид Мојс, фудбалскиот стручњак кој директно беше избран од Алекс Фергусон за негов наследник.
„Минатата вечер, околу 22 часот добивме повик од Северен Манчестер од лице во пијана состојба кој побара да разговара со сер Алекс Фергусон“, се вели во соопштението на полицијата. „Очигледно истовремено ова е тажен и депресивен момент, сепак потсетуваме дека овој број се користи само за итни случаи…“.