26-годишен маж од Камиен Поморски во Полска на Нова година со своето BMW влетал во пешачката зона и прегазил осум луѓе, шест од нив починаа. Според неофицијалните информации во крвта имал два промили алкохол.
Меѓу жртвите се еден полицаец, неговата сопруга и двегодишното детето, како и тројца нивни пријатели. Уште две лица се тешко повредени.
Сведоците велат дека глетката бил страотна – тела биле расфрлени наоколу.
Како што објавува Kamienskie.info, пијаниот возач се скарал со жена му по што се приблизжил кон пешачката зона и стиснал на гаста. Ова не било првпат да вози под дејство на алкохол.