Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај бара истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија каде според информациите кои доаѓаат од терен погинале околу 1300 лица од кои повеќето деца. Пилај потенцирала дека за утврдување на фактичката состојба се заложиле многу земји вклучувајќи ги Кина и Русија.
-На тимот истражители кои ги прати генераниот секретар на ОН, Бан Ки Мун без одлагање треба да му се овозможи пристап изјавила Пилај, додавајќи дека употребата на хемиско оружје е забранаето според Меѓународното право јавува Ројтерс.
Сиријската опзиција вчера ја обвини Владата во Дамаск дека употребила ракети со хемиски отров при нападот на предградието на Дамаск, а бројот на жртвите сеуште неможе да се утврди со сигурност.
Владата во Дамаск ги отфрли обвинувањата за употреба на хемиско оружје и тврди дека тоа е рамно на политичко самоубиство во моментот кога во земјата стигнаа стручњаци за хемиско оружје на ОН.