Се урна борбен ловец на Хрватската војска МИГ-21 на подрачјето на Велика Горица, пилотот Станко Хржењак скокнал од авионот и преживеал. Несреќата се случила во 14.47 часот.
Пилотот на вонредна конференција за печат изјавил дека пред полетувањето се било во ред со авионот, но недалеку од Загреб откажал хидрауличниот систем, „се запали моторот и кабината се наполни со чад“, изјави Хржењак.
Поради тоа морал да се катапултира од 200 метри надморска висина, а авионот се урнал 300 метри од него.
Наравил неколку кругови за да потроши што повеќе гориво и потоа авионот го насочил кон ненаселено место.
Хржењак има 25 годишно летачко искуство и се извлече од ситуацијата без повреди.
Авионот со ознаки 121 последен пат бил на ремонт пред 12 години во Романија.