Пишува: Драган Мишев

Мицкоски бара референдумско изјаснување за прашањето: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?, или скратено, бара граѓан(к)ите да се изјаснат дали се против договорот со Бугарија.

Се работи за истиот Договор, за кој Мицковски, на чист „блгарски език“, како попче си отпеа пред тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов, дека „се што може да биде позитивно за двете части, ние ште го подкрепиме“.

„Аџијава“ наш се пишмани и за „Преспанскиот договор“ и ветувањето дека ќе го поништи и ќе го врати назад името. „Никогаш Северна“, нели? Сега не го ни споменува во референдумско прашање, а во меѓувреме, по потреба, на државата и го менува името, еднаш ја нарекува „Република Македонија“, за пред домашната „патриотска“ јавност (што ќе каже пред своите гласачи), а почесто „Република Северна Македонија“, пред странските партнери и кога треба да се земе пари од буџетот на државата на која за свои лукративни цели ѝ го менува името.

Извор: civilmedia.mk