Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо на Мицкоски до Мичел: Договорот е неприфатлив

1
By Нова ТВ on October 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 17, 2018 15:09

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ му одговори на помошникот државен секретар на САД Вес Мичел, кој вчера преку писмо објавено од Амбасадата на САД во Македонија му пораша дека САД се разочарани од досегашните активности на опзоициската партија во однос на Договорот од Преспа.

Писмото што го испратија од ВМРО ДПМНЕ ви го пренесуваме во целост.

Почитуван помошник државен секретар г-дин Мичел,

Со посебно внимание го прочитав Вашето писмо и би сакал да ја искористам оваа можност да Ви се заблагодарам за поддршката која мојата татковина ја добива во поглед на евроатланските интеграции што се и стратешки интерес на мојата партија и граѓаните на мојата земја. Се надевам дека многу скоро Република Македонија ќе биде дел од НАТО И ЕУ семејствата, но горда и достоинствена, а не понижена, обезличена и омаловажена.

Во продолжението на ова писмо би сакал да потенцирам неколку факти, имено процесот на преговори беше воден без создаден амбиент, авантуристички, манипулативно сокриен од јавноста, без вистинска стратегија и со лажни пораки. Во целиот тој период на преговори, детализирање и начинот на доаѓање до договорот ние како најголема политичка сила бевме исклучени, бевме надвор од процесот и не бевме консултирани. Ова го потенцирам од причина што ова решение кое се дискутира е решение кое припаѓа на субјектите на власт, и до истото не е дојдено по пат на консензус, во период и време кога таков консензус се бара и од опозицијата.

Понатаму, Владата узурпирајќи го процесот, наметна манипулативно и повеќезначно референдумско прашање кое ги инкорпираше и НАТО и ЕУ. Моите јасни сугестии беа дека прашањето е свесно повеќезначно и збунувачко, и дека потребно е да бидат формирани две одвоени прашања, едно кое ќе се однесува чисто за прифаќање или неприфаќање на договорот, и друго кое ќе ја изрази волјата на граѓаните дали се за членство во НАТО и ЕУ, што според моето длабоко уверување е наш стратешки интерес. Повторно ВМРО-ДПМНЕ не наиде на разбирање од Владата и реши процесот да го продолжи без консезус со опозицијата.

Целокупниот овој процес изобилува со погрешни проценки, лажни надежи и погрешни очекувања кои за жал беа производ на Владата, која ја лажеше целокупната меѓународна заедница дека ќе испорача нешто што не е во можност да го испорача.

Почитуван г-дин Мичел,

Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е НЕПРИФАТЛИВ за ВМРО-ДПМНЕ и за огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, што впрочем и се покажа на последниот референдум каде што и покрај бруталното и насилничко полнење на кутиите од страна на луѓе блиски до Владата, сепак на крај не успеаjа во намерата да обезбедат ни приближно услови за да референдумот биде прогласен за успешен.

Имаме места каде што брутално и насилно се полнеа кутии и излезеноста е поголема од 90%, иако долгогодишниот просек не надминува 45%. Зарем тоа се вредностите во кои треба да веруваме? Зарем тоа е начинот како треба да се уништуваат демократските придобивки кои ги развивавме во годините на независна, суверена и самостојна Република Македонија? Зарем треба да останам нем на прашањата на моите студенти кога споредуваат примери каде се побиваат законите на физиката со гласање на секои 5 секунди?

Зарем европска вредност ли се заканите уцените кои ги доживуваа граѓаните директно од власта за да излезат и гласаат, лажното преставување на лица од власта и лобирање во време на референдумскиот молк, а да не споменувам за стотиците дисциплински мерки, уназадувања, санкции и отпуштања на вработените во државната администрација кои не го поддржаа договорот, или пак продолжувањето на политичкиот прогон врз неистомислениците на власта, нешто што за нас стана секојдневие и навика со која се научивме да живееме во нашето општество. Зарем треба да го премолчиме фактот дека сите институции молчат за тоа што се случуваше на денот на гласање на референдумот и она потоа?

Одговорот е едноставен, одбивам тоа да го прифатам и не само што одбивам туку и жестоко ќе се спротивставам со сето свое знаење, капацитет и демократски алатки против ваквите девијантни појави. Ова не е Македонија во која сакаме да живееме.

Продолжувам и навистина не можам да поверувам како ќе се придонесе за стабилноста, мирот и сигурноста доколку се прифати Договор кој:

  1. убедливото мнозинство на граѓани го отфрли на референдумот,
  2. со кој се менува Уставот со цел промена на Уставното име на државата,
  3. со кој се поништуваат сите стекнати права на Република Македонија како
  4. a) резолуцијата на ОН за прием на Република Македонија од 1993 година, б) времената спогодба со Грција од 1995 година и c) Хашката пресуда во полза на Македонија од 2011 година,
  5. со кој со членот 8 од договорот се предвидува формирање на Комисија помеѓу двете држави Република Македонија и Грција задача за ревидирање на историјата, археологијата и образованието, трајно наштетувајќи на идентитетот на мојата земја.
  6. со кој се откажува земјата од грижата за Македонските малцинства во други земји, но истовремено се откажува и од Македонците во дијаспората.

Што се однесува до делувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени кои во моментот се во Собраниска процедура истото е плод на нашиот претходен став дека договорот не можеме да го прифатиме, кој беше едногласно прифатен  вклучително и од пратеничката група, а притоа црпејќи го легитимитетот од референдумот кој се случи.

И можам да ве уверам дека доколку има некакви информации за закани, уцени или било какви обиди за влијание врз нивното одлучување и одлучувањето на било кој пратеник тогаш тоа е од кругови или поединци кои не се дел од структурите на мојата партија. Јас не прифаќам таков начин на делување и истиот го осудувам.

Во многу наврати ја предупредував јавноста и нашите меѓународни пријатели, истото го посочувам и денес, овој процес му е доверен на човек кој не е искрен во намерите и ветува нешта што не може да ги исполни, притоа знаменосецот на таа идеја е посипан со десетици афери, сомнежи за криминал и отсуство на секаква волја за расчистување со случаите на корупција и вистинско владеење на правото. Факторот време покажува дека впрочем најголемата опасност поради кој земјава влегува во криза е токму првиот човек на владата.

Јас како пријател на вашата земја, силно ја уважувам вашата ангажираност да помогнете во процесот, и како човек кој се образувал и работел во државите од ЕУ и целосно ги споделува тие западни вредности сакам заеднички да ја градиме иднината на мојата татковина, базирајќи се на принципи и искрен однос. Но, исто така сум човек кој силно верува во основните цивилизациски придобивки на самоопределување како Македонец и самоименување на мојата татковина Република Македонија.

“секогаш е најтемно пред зората”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.