Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо на професор од „Орце Николов“ до Адеми: Слушнете ги средношколците!

0
By Нова ТВ on April 27, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2015 11:20

Професорот Душко Стојановски од скопската гимназија „Орце Николов“, во отворено писмо до министерот за образование, Абдулаким Адеми, му порачува да се разбуди и да го слушне повикот што му го упатуваат учениците, да ги чуе нивните бистри мисли, кои, му вели – ќе ве освежат, ќе ве оживеат.

Тој во врска средношколскиот бојкот, објаснува дека не станува збор за хир на разгалено детенце кое сред продавнице плаче за некупеното чоколадо, туку тоа е зрела реакција на несоодветните, необмислените “реформи“, што систематски го уништуваат образованието.

– Слушнете ги, не им ги продлабочувајте лузните што им ги зададовте во изминативе три недели. Тие се` уште се надеваат дека и за нив има иднина во сопствената земја, дека и тие се сериозно сфатени и третирани, дека имаат со кого да разговараат. Имајте доблест, признајте ја грешката (се сеќавате: „Кој признава половина му се простува“). Заборавете ја суетата и ставете крај на инаетот. Покажете дека знаете да си ја вршите работата. Дека знаете каков и чиј министер сте. Дека знаете кому му служите. Вие сте јавен службеник. Вие сте тука заради учениците, а не тие заради вас. Вашиот тим сосем ја искривува работата. Ве замајуваат со некаков постигнат договор со некаква унија на средношколци. Каква иронија. Каков невешт потег. Па тие не се свесни дека го даваат најголемиот аргумент против себе, вадејќи пред нас токму такви заведени испартизирани млади луѓе, кои ги претвораат во безобѕирни “марширачи преку трупови”. Вашиот тим влече потези што го уништуваат образованието.

– Малку од незнаење, ама што е многу полошо и со смислена намера, не доведувате во Орвеловата “1984”. Со ваквите потези Бирото за развој на образованието, станува инструмент за негово уништување. Државниот просветен инспекторат се претвора во агентура за гонење на секоја слободна мисла, училишните директори и професорите стануваат записничари, пополнувачи на клиширани, бесмислени и нефункционални формулари, па дури и “загрижени” чувари на училишните згради и инвентарот, а целото образование води кон создавање послушници кои ниту ќе знаат, ниту ќе можат да мислат. Послушнци, а не луѓе. Креатури за кои ќе важи максимата “слободата е ропство”. Но Орвел тоа го истакнуваше како опомена. Вашиот тим сосема погрешно ги сфатил неговите пораки. (Ги измамил Филип)

– Против тоа се бунтуваат овие млади личности. Тие сакаат здраво, темелно и добро осмислено образование во кое и низ кое ќе се оформуваат во здрави и зрели личности. Тие сакаат здраво општество, во кое ќе се живее и напредува според способностите и човечките вредности. Во кое ќе се почитува достоинството, во кое личната среќа нема да се гради за сметка на туѓата несреќа. Во овие три недели низ болки и страдања, тие созреваа господине министер. Страдаат и се плашат. Се плашат за својата иднина, се плашат но и се борат со своите стравови. Чекорам покрај нив. Живеам со нив. Ги гледам како се распаѓаат и се креваат пред налетите на стравот за својата иднина. За НАШАТА ИДНИНА. Ги гледам како одеднаш се креваат над тој страв. Како низ меѓусебната комуникација одново се издигаат во грандиозни личности со огромна енергија и нова креативна, создавачка сила. Како се храбрат меѓусебно и смислуваат нови начини да Ви го привлечат вниманието. Вашето и на Вашите поданички, полтронски и платенички медиуми. Да Ве поттикнат на разговор.

– Слушнете ги. Не ги жртвувајте. Вистинска жртва е кога себеси се жртвуваш за благородна цел. Кога други жртвуваш, тоа насилство, бесскрупулозна тиранија, нечовечност од најдолен вид. Прифатете разговор со нив и ќе се уверите какво богатство носат во себе, ќе се уверите дека тие се надежта, тие се нашата иднина. Не ја одземајте од нив, не ја одземајте од нас!! Направете само еден мал чекор, почнете разговор. Повикајте ги, тие веднаш ќе дојдат. Разбудете се господине министер и почнете да ја работите работата за која одговарате пред даночните обврзници. Бидете навистина МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ!!, пишува професорот Стојановски во своето писмо до министерот Адеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.