Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо од Љубе Бошкоски

0
By Нова ТВ on December 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 15, 2013 19:05


Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, испрати писмо до членовите и до македонската јавност кое на централното годишно собрание го прочита генералниот секретар Раде Милошоски.

– Писмо до моето партиско раководство, до членството на Обединети за Македонија, до мојот народ,

Почитувани Мои сестри и браќа, го поздравувам годишното собрание на Обединети за Македонија во предвечерието на петата година од формирањето на Обединети за Македонија, кој од движење ОДАМ преку претседателските избори со слоганот “Обединети за Македонија” и предвреметите парламентарни избори, како и локалните избори се профилиравме во силна политичка партија, а денес на ова годишно собрание ја покажуваме оправданоста на нашата борба и на нашето постоење.

Дозволете ми да од длабочината на мојата душа, од моето страдалничко срце да ве поздравам вас најхрабрите, ќерки и синови на Македонија претседателите на Месните и Општинските Организации, Обединета Младина за Македонија, душата на Обединети за Македонија како и нашите членови и симпатизери-БЛАГОДАРАМ.

Почитувани, Обединети за Македонија не е ни 4-та, ни 3-та ниту пак 2-ра политичка партија на македонската политичка сцена, но е единствената сила без која неможе да се замисли политичката иднина на Македонија.

Полека влегувам во 7-та година на моето заточеништво за Македонија, ние кој длабоко во себе ја носиме идеологијата на ВМРО, скапо сме ја плаќале слободата за Македонја, но знаевме и знаеме дека Македонија нема цена. Св. Павле во обраќањето кон Коринќаните рече: “Тие не прогонуваа, ние трпевме”. Силна е пораката на Св. Павле за трпението и издржливоста, затоа секој мој говор, секој мој разговор, со вас сестри мои и браќа го завршувам со пораката-ИЗДРЖЕТЕ!

Да издржиме во борбата против расколниците на ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ тие немаат сон за Македонја, ниеден вмроовец не гинел, не се борел робувал, и страдал за ваква режимска и апартхејска Македонија. Македонија која ја поделија како на две нации, на предавници и патриоти, антички и словени, на верници и неверници ја поделија по сите основи.

Затоа мораме да издржиме во борбата за сонот на генерациите страдални, за Македонија да биде јаве.

Никогаш не ми било важно со колку години робување ќе биде послан, ќе биде распослан тешкиот пат до слободата, никогаш нема да ви се жалам ни солза да пуштам, знам дека заедно со вас и со мојот народ ќе ги скршиме тешките окови со кој на политички, економски, безбедносен најмногу на евроатланскиот пат е заробена Македонија. Јас силно верувам во вас, во мојот народ, како што верувам во светците и во Бога, верувам во моќта негова која не може да се види, затоа што зборев и зборувам во моите говори, никој неможе да победи народ! А народот бил и ќе остане собран околу стожерната политичка партија Обединети за Македонија.

Сестри мои и браќа, многу значајни историски и политички одлуки на најголемите борци за слобода донесени се од мрачните и студени затворски ќелии, така најголемиот меѓу нас, највозвишениот кој во борбата за слобода ги достигна хималаите Нелсон Мандела одлуките против апархејдот и неговата борба за слобода за него и неговиот народ ги донесе од затворските ќелии, затоа ве повикувам со еден минутен молк му одадеме почит и се поклониме кон неговото и општо човечко слободарско дело.

Во 2014 ќе славиме 5 години од нашето формирање со нашата актуелна парола “СЛОБОДА ИЛИ СМРТ избери СЛОБОДА”, убеден сум дека 2014 ќе биде година за победа на Обединети за Македонија и коалицијата, а посебно коалицирањето со идеолошките истомисленици од ВМРО-Народна Партија предводена од Георгиевски и како што ќе рече нашиот Генерален Секретар во негово интервју “кој ќе го победи двоецот Георгиески-Бошкоски”, јас ве убедувам дека нема таква сила да не победи, затоа што нашата борба за Македонија е праведна.

Почитувани, ако некој денес ни докажува дека Македонијa, нашиот народ е надвор од вистината, побрзо ќе ја одбереме Македонија отколку вистината, затоа што Македонија е вистина таа е вечна и бесмртна.

Да живее Обединети за Македонија, да живее Македонија!

Зандани-Идризовски, лето господово 2013 секогаш ваш Брат Љубе Бошкоски, претседател на Обединети за Македонија, пишува во писмото на Бошкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.