Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо од професорот Душко: Родители, сите заедно во одбрана на децата

0
By Нова ТВ on April 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2015 10:19

Професорот Душко Стојановски од скопската гимназија „Орце Николов“ кој неодамна пиша отворено писмо до министерот за образование и наука Абдулаким Адеми, да ги слушне барањата на средношколците, денеска упати ново писмо – до родителите, повикувајќи ги сите да застанат зад барањата на своите деца.

>> Писмо на професор од „Орце Николов“ до Адеми: Слушнете ги средношколците!

Писмото подолу го пренесуваме во целост:

Родители, ајде сите заедно во еден широк граѓански фронт за одбрана на нашите деца!!!

Ви се обраќам токму вам зашто се доближивме до работ. Зашто вие сте најповиканите, најзасегнатите. Зашто, покрај децата вас најмногу ве боли. Веќе четврта недела вашите деца страдаат, водејќи битка со суровоста, со игнорантството. Битка за достоинство и почит, за праведност и рамноправен третман. Се бореа за разговор, за човечка комуникација. Го дочекаа разговорот, но што добија?? Потценувачки однос и психолошки игрички што треба да откријат кои се нивните точки на кршење. Зарем не го забележавте говорот на телото на господинот Пешевски додека искажуваше загриженост за безбедноста на децата кои се решија да кампуваат пред МОН? Телесен говор и гестика од кои претекуваше бездушна нетрпеливост што едвај се задржува да не премине во насилство.

Токму затоа РОДИТЕЛИ вие треба да стапите на сцена. Дојдете сите во училиштата каде што учат вашите деца. Преку родителските совети, силно притиснете ги училишните директори и нас наставниците. Нас, луѓето на кои сте им ги довериле своите деца. Притерајте не до ѕидот. Барајте итно да се формира група составена од Директорот на училиштето, два до три професори и четири до пет родители. Барајте под итно ваквите групи од сите училишта меѓусебно да се спојат, но секогаш РОДИТЕЛИТЕ да бидат побројни, осетно побројни. Наложете таквите групи да дојдат во МОН и да се сместат во фоајето со изричен и непоколеблив став дека нема да го напуштат се додека Средношколскиот Пленум ( и тоа во поширок состав, а не само по тројца како досега) и тимот на МОН не најдат заеднички јазик. Да покажеме дека сите се грижиме за децата, за нашата иднина. Во нормални демократски земји ова би одело по обратен редослед, ова би било на наставниците и директорите. Директорите на училиштата, професорите и министерството, одговорно би се соочиле со евентуалниот проблем и заеднички со учениците би изнашле решение.

Но за жал, нашата реалност е друга. Затоа децата го покренаа ова мртвило. Сега е нашиот ред. Ајде родители, време е да покажеме дека силата е во искреноста, во грижата за другите, во заедништвото! Да покажеме дека ја сфаќаме сериозноста на моментот! Да ја сочуваме одважноста што пламти во очите на нашите деца. Да ја сочуваме надежта што ги грее нивните срца, ајде заеднички да зачекориме во ГРАЃАНСКИОТ ФРОНТ ЗА ОДБРАНА НА НАШИТЕ ДЕЦА!!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.