Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо од Столтенберг: До 15 февруари Скопје и Атина да го ратификуваат Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on January 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 2, 2019 15:27

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите за ратификација на Договорот од Преспа. Ова според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес.

„Постои писмо од Генералниот секратар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“, објави весникот, додавајќи дека тоа ги забрзува и активира и процедурите во Атина.

Ова деновиве го најави и портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос. „Премиерот Ципрас по 18 јануари ќе донесе одлука кога Преспанскиот договор ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот Парламент“, рече Ѕанакопулос, објаснувајќи дека се во тек потребните „парламентарни комбинации за ратификација на Договорот, и дека тие се интензивни“. Ѕанакоуполос во интервју за радиото 24/7  рече дека СИРИЗА ќе обезбеди 151 глас, колку што е потребно за да се ратификува договорот за името од Преспа потпишан помеѓу Атина и Скопје. И поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, во неодамнешното интервју за МИА изрази увереност дека грчкиот парламент има мнозинство за ратификција на Договорот од Преспа.

Последната фаза на ратификацијата на Преспанскиот договор во македонското Собрание почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница за предлог – уставните амандмани.

„Mожно е ратификувањето на Договорот за Преспа да заврши и пред првично маркираниот датум, 15 јануари. Гласањето (за уставните измени, н.з) може да се случи дури и на денот на започнување на постапката на пленарната седница, со оглед на најавеното повлекување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од дискусијата. Забрзувањето на чекорите од македонска страна е во целосна координација со ритамот кој го сака и НАТО“, пишува „Катимерини“.

Минатата недела и грчки дипломатски извори за весникот „Елефтерос типос“ изразија очекување дека Договорот од Преспа меѓу Атина и Скопје уште во текот на јануари ќе влезе во процедура на ратификација во грчкиот парламент. Имајќи го предвид ова, грчките медиуми најавуваат дека ако процесот во Скопје заврши успешно, „топката веднаш ќе се префрли на грчки терен“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.