Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо од матурант по повод испитот по македонски јазик: Излажани сме

0
By Нова ТВ on June 4, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 4, 2016 17:15

Ми требаше време да се смирам и да се одморам од мојот  денешен испит.  Мојата МАТУРА. Македонски јазик и литература. Неколку часа поминаа, а јас сѐ  уште се прашувам КОЈ и ЗОШТО има потреба да ги обезличи сите наши напори да бидеме добри во тоа што го правиме?! Кој тоа со ИМЕ и ПРЕЗИМЕ ги составува овие тестови кои треба да го проверат нашето знаење? !

Знаат ли воопшто, одговорните за овој матурски испит што значи тест на ЗНАЕЊЕ кој  патем, се полага на материјал од цели ЧЕТИРИ години ? !

Ја знаат ли психологијата на матурантот???

Имаат ли елементарно знаење од содржините кои беа дел од прашањата???

Ученик сум во една скопска гимназија.  Сите четири години постигнував високи резултати. Се подготвував за мојата матура како за вистински испит на мојата зрелост и одговорност. Пред себе, пред моето семејство и пред системот во којшто за несреќа сум вклучен. Но, искрено не можам да ја разберам таа силна потреба да се обликува МАТУРСКИ ТЕСТ што  треба да покаже дека  сме „НЕПИСМЕНИ“  и дека  „НЕ ЗНАЕМЕ“!

Темата на матурскиот есеј  „Вината на трагичните јунаци во делата на старите литератури “ е целосно контраверзна и предмет на оспорување. Насоките коишто ни беа дадени уште повеќе создадоа забуна. За кого, авторот на оваа тема очекуваше да пишуваме?! За Гилгамеш, за Ахил, за Едип, за Антигона?! Каде Аристотел воопшто пишува за ТРАГИЧЕН ЈУНАК и ВИНА?!!!

Учевме за Аристотел. Ја читавме неговата „Поетика“ (глава 13) . Каде, каде вие одговорни ги најдовте овие ваши поими?!

Каква е врската помеѓу вашиот трагичен  јунак и ВИНАТА?!  Учевме за трагедијата (Аристотел) , за трагични ликови и „трагична грешка“, учевме за ликовите на старите литератури , но во ниедна  теорија на литературата не  ја пронајдовме вашата  „вина“ како категорија.

Знаете ли вие воопшто дека моите другари и другарки од стручните училишта,  во наставната програма воопшто ја немаат  „Антигона“, на пример?! И дека „Илијадата“ ја читаат САМО со шестото пеење?! Знаете ли дека, ние гимназијалците,  во прва година, според НАСТАВНАТА ПРОГРАМА воопшто не ја работевме оваа трагедија?! Кој ви дава за право да ДИСКРИМИНИРАТЕ?!

Како очекувате, вие пресвети, таму „горе“ да ви одговориме на  вашите задачи, ако тоа воопшто не сте го предвиделе со наставната програма за средно образование?! Или ја „бутнавте“  во програмата за матура, независно што поминале четири години?!

Како ги ставивте во ист кош сите овие пропусти?!

Зошто одговорните за подготовка на овој испит  не излезат јавно и не објаснат ШТО очекуваат од една ваква тема? Од еден ваков тест на ЗНАЕЊЕ?!

Ова ли беше испит што  требаше да ги даде нашите вистински знаења?!

Срам ми е што на мојот испит отидов со толку непреспиени ноќи. Жал ми е и за сите мои другари и другарки со кои учевме со цело срце.

ИЗЛАЖАНИ сме !!!

Излажани сме со наставна програма за матура. Излажани сме дека ќе имаме соодветни теми за правопис, но не и темата Имиња на жители , кои ни ги подметнавте! Излажани сме дека ќе имаме теми од Словенската писменост, но не и  прашања на кои нема одговор во нашите учебници. Каде, каде во учебникот на моите другари од стручните училишта  пишува,  почитувани одговорни  „Каква азбука се користела во Преславската книжевна школа?!“

Сте ги виделе ли вие воопшто учебниците од кои тие учат ?! Не е ли суштински поважна за нас, Охридската книжевна школа ?!

Како е можно да немате претстава што барате?! Што треба ние да научиме за да го задоволиме вашето НЕЗНАЕЊЕ???

Срам ми е  што се соочуваме со ситем во којшто НЕПИСМЕНИТЕ ги оценуваат тие што знаат. Срам ми е , што овде НЕЗНАЕЊЕТО  креира критериуми за успех.

Жал ми е за мојата генерација најдобри ученици кои денес разочарани се вратија дома. Излажани и изневерени од системот на којшто му  ги  посветивме своите најубави години, својата МЛАДОСТ, ЗНАЕЊЕ и УМ!!!

мајчин јазик матуранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.