Јужноафриканскиот параолимпиец и олимписката спринтерска ѕвезда Оскар Писториус се соочува со обвинение за убиство на својата девојка. Ако биде осуден можно е да добие доживотна казна.
Судот во Преторија денеска објави дека Писториус ќе излезе пред суд на 3 март наредната година. Тој е обвинет за убиство на својата девојка, Рива Стинкамп на 14 февруари годинава. Судијата Дезмонд Најр изјави дека судењето ќе трае до 20 март 2014 година.
Писториус призна дека ја убил Стенкамп, но негираше дека е убиство, велејќи дека ја застрелал низ заклучената врата од тоалетот мислејќи дека е провалник.