Истражителите разбија меѓународна педофилска мрежа во која луѓето плаќале пари за да гледаат во живо како деца во Филипини биле сексуално злоставувани.
Отпочната од 2012, акцијата резултира со апсење на 29 луѓе, 11 од нив директно одговорни за злоставувањата, се вели во соопштението на Британската национална агенција за борба против криминалот.
Некои од луѓето кои ги средувале делата кои биле снимени на камера, биле дел од фамилијата на самите деца.
Петнаесет деца на возраст од шест и 15 биле спасени на Филипините, објавува британската агенција.
Истрагата била во заедничка соработка на НЦА, Австралијската федерална полиција и Одделот за имиграција и царина на САД.