Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

План за раст или план за пропаст?

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 4, 2024 10:32

И кога сме кај “управувањето со јавни финансии” интересна е веста од регионот, за новите 3 услови за сите земји од Западен Балкан. А, особено интересен е еден нов услов или мерка, а тоа е “буџетскиот мониторинг”. Совршено логична мерка кога после сите милијарди потрошени пари на европските (и американските) буџетски обврзници овие 30-тина години, “подарени” на институциите, невладините и медиумите, кулминираат со “диктат, достоинство и антиевропска хистерија”?

 Некои работи се совршено јасни, и со и без информации.

 Никица Корубин

Националната структура во земјава веќе работи на реформската агенда 2024-2027, која претставува сеопфатен пакет мерки со конкретни чекори за постигнување на предвидените цели, а кои се однесуваат на следните области: реформи во јавната администрација, управување со јавните финансии, дигитална, енергетска и зелена транзиција, човечки капитал, деловно окружување и владеење на правото. Дополнително опфаќа и инфраструктурни проекти во областа на транспортот, енергетиката, дигиталната трансформација и човечкиот капитал.

Реформската агенда на земјава ќе биде поддржана преку овој инструмент со над 800 милиони евра, средства кои треба да почнат да се користат до крајот на оваа година.

И ова не е програма на оваа влада, иако формално и декларативно точките се тие, туку ова е една од последните објави на наша институција (Министерство за финансии), од април оваа година, во однос на Планот за раст на Европската Унија, преку кој треба, преку доследно спроведување на “реформите внатре” (таа омилена кованица на сите лажни Европејци кај нас), финансиски да се помогнат 6-те земји од Западен Балкан, кои се на патот кон зачленување во ЕУ, со вкупен износ од 6 милијарди евра. Од кои 6 милијарди за Северна Македонија се наменети 800 милиони евра.

Истиот План за раст, чиј напредок за секоја земја поединечно се оценуваше на работниот ручек во ЕУ, пред неколку дена, со претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, истиот оној кој нашата “јавност” во духот на “објективното и вистинско” информирање го претстави како “план за репреговарање на преговарачката рамка”.

И така во морето на манипулации за непостоечки теми, како што се “репреговарање”, “одложено дејство”, “идентитетот” украсени со “покажување сила” кон партнерите од ЕУ, освен кон повластениот кон кој се демонстрира само подобност; се “изгуби случајно” главната вест: како е оценет нашиот План за раст и особено неговиот напредок? На пример во делот на “инфраструктурните проекти во областа на транспортот”, “владеењето на правото” или пак “управувањето со јавните финансии”? Сите наведени од нас самите како држава.

И кога сме кај “управувањето со јавни финансии” интересна е веста од регионот, за новите 3 услови за сите земји од Западен Балкан. А, особено интересен е еден нов услов или мерка, а тоа е “буџетскиот мониторинг”. Совршено логична мерка кога после сите милијарди потрошени пари на европските (и американските) буџетски обврзници овие 30-тина години, “подарени” на институциите, невладините и медиумите, кулминираат со “диктат, достоинство и антиевропска хистерија”?

Лесно е да бидеш платен антиевропеец, малку потешко сиромашен и изолиран. Какви што сигурно ќе бидеме сите, ако продолжи, за почеток медиумската информативна блокада сега, а последователно потоа и политичката блокада, ако не почнеме да се занимаваме со клучните теми.

Па, во име на транспарентноста, да слушнеме нешто повеќе за оваа тема која е целосно економска и политичка. Тука нема “загрозување на идентитетот”, тука нема “име и гордост”, тука нема “балансер и јазик”; тука има само “наши пари, управување со нашите пари и мониторинг на управувањето”. Дадени од ЕУ во јасна процедура, со јасна намена и јасен пат кон зачленување во ЕУ. Школски пример пример за владеење на правото. Во целосен интерес на граѓаните.

Значи, дали Планот за раст кој Северна Македонија го поднела до ЕУ е прифатен од страна на ЕУ? Кој е напредокот? Дали почнале да се користат средствата од истиот? Или како што велат некои регионални медиуми, кои не ја кријат информацијата од сопствените граѓани, за новите услови “дали предлог буџетот прво ќе се преведе на англиски јазик, за да се испрати на мониторинг во ЕУ пред да се усвои во парламентот”? Сигурно англискиот поубаво звучи од албанскиот јазик за нашите парламентарни, судски, медиумски, академски “чувари на идентитетот”.

И додека чекаме да изминат и преостанатите 3 месеци за уставни измени од самодадениот рок на коалиционите партнери во власта, многу подобро е да зборуваме за план за раст отколку да шпекулираме за пропаст. Затоа што се’ што е надвор од стратешка ориентација на државата, и надвор од јасна процедура на функционирање и внатре и според преговарачката рамка кон ЕУ е рецепт за пропаст. На функционалноста и нормалноста.

Некои работи се совршено јасни, и со и без информации.

Од Фејзбук ѕидот на авторката

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.