Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планот „3-6-9“ за крај на полициската бруталност

2
By Нова ТВ on June 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 10:22

Упад на полицијата во „А1 телевизија“ во 2010 година и во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје во 2015 година за време на протестите,,  обид да се скрие убиството на Мартин Нешкоски, тепањето на студентите за време на студентските избори во 2017 година се само мал дел од примерите за основан сомнеж за полициска бруталност а за која последните години Македонија е редовно критикувана од домашните и меѓународни релевантни институции.

Ниту последните протести на граѓаните кои се против Договорот за името со Грција не поминаа без поплаки дека полицијата ги пречекорила своите овластувања.

Полициската бруталност и случајот „Есат Аслани“

И покрај поплаките, јавноста речи си и не знае дали, кога и колку случаи се поведени и санкционирани а се однесуваат на тортура од страна на полициски службеник.

Но еден од ретките кои стигна до својата правда е 56 годишниот Есат Аслани.

Од една навидум безначајна инспекциска контрола животот на овој охриѓанец се претвори во десет годишен пекол во полициско-судските лавиринти во кој се вплеткани високи функционери во Министерството за внатрешни работи (МВР), судии и јавни обвинители.

Според тврдењето на Аслани, неговата голгота започнува на почетокот од 2008 година, кога за него, до тогаш непознати луѓе му се заканаувале зошто наместо фирма за обезбедување од Ресен тој ангажирал фирма од Охрид да ја чува пекарницата „Арома“ каде што Аслани бил директор.

Заканите  продолжиле и во следните месеци кога трудова инспекција во придружба на полициски службеници упаднала во пекарницата на Аслани без налог, во доцните ноќни часови, за да провери дали во неа илегално работеле пекари од Косово.

Аслани признава дека пекарите немале дозвола за работа, но како што објаснува, тие биле легално пријавени во полиција а тој соработувал со трудовата инспекција во обезбедувањето на потребните документи. Поради тоа Аслани бил и прекршочно казнет а тој ја платил казната без никаков приговор.

Закани, боксови и теории на заговор за Аслани

Збунет од сето што се случува Аслани во придружба на полициските службеници што биле присутни во пекарницата со приватно возило заминал во полициксата станица во Ресен каде, како што тврди тој, почнале неволјите со тогашниот полицискаи службеник, подоцна портпарол на СВР Битола и градоначалник на Ресен, Ѓоко Стрезоски.

Претепаниот Аслани поднел кривична пријава до Јавно обвинителство заради малтретирање од полицијата и претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР. Истражен судија од Ресен во јуни 2008 година отворил истрага но осум месеци подоцна, во февруари 2009 година, Јавниот обвинител се откажал од гонење и постапката против Стрезоски била запрена.

Аслани се сомнева дека случајот бил заташкуван од највисоките функционери во МВР и лично од поранешната министерка Гордана Јанкулоска на која повеќе пати и се обратил но никогаш не добил одговор на писмата.

Убеден дека не е виновен за ништо и решен да ја бара правдата, Аслани решил приватно да си ја бара правдата.

Четири суда, три ослободителни пресуди за полицискиот службеник

Прва препрека која ја поминал Аслани била Апелацискиот суд во Битола кој го укинал решението за запирање на постапката и му наложил на Основниот суд во Ресен да изврши соочување меѓу него и полицајците кои вечерта за време на инспекциската контрола биле присутни во пекарницата. Судот го извршил соочувањето и ги истражил наводите дали Аслани навистина бил претепан од Стрезоски или повредите ги здобил претходно во сообраќајна несреќа што според Стрезоски се случила во октомври 2007 година. Но потоа сите судии од Основниот суд во Ресен побарале изземање од предметот, бидејќи тие веќе биле вклучени во различни фази од постапката.

Поради ова, предметот го презел Основниот суд во Битола кој три пати го ослободувал Ѓоко Стрезоски од обвинение поради недостиг на докази, но Апелацискиот суд ги уважувал жалбите на Аслани и го враќал предметот на повторно судење.

Случајот стигнал и до Врховниот суд, па во пресудата од ноември 2013 година, највисокиот суд го уважил барањето на Аслани за заштита на правото на судење во разумен рок и признал дека кривичната постапка против Стрезоски била предолга.

Две години подоцна, во март 2015 година, Основниот суд Битола повторно го ослободил Ѓоко Стрезоски од обвинение за нанесување на телесна повреда бидејќи во меѓувреме случајот за ова кривично дело застарел.

Европскиот суд за човекови права последна надеж за Аслани

56 годишниот охриѓанец не застанал во трагање по правдата, па решил за овој случај да се жали до Европскиот суд човекови права во Стразбур (ЕСЧП) кој на крајот на 2015 година, констатира дека кривичната пријава на Аслани и медицинските докази се доволна поткрепа за неговото тврдење дека бил малтретиран од полициски службеник. Судот констатирал дека во случајот е повреден член 3 од Конвенцијата за човекови права поради пропустот на властите да спроведат ефективна истрага за тврдењата на Аслани дека е жртва на полициска бруталност. Истовремено судот констатирал нечовечко и понижувачко постапување од страна на полицијата за време на сослушувањето на Аслани во полициската станица во Ресен.

ЕСЧП одлучил дека државата на Аслани треба да му плати 11.700 евра за нематеријална штета.

Со ваквата пресуда Аслани се враќа пред македонските судови по што во април 2017 година Стрезовски е правосилно осуден на условна затворска казна.

Аслани вели дека не е задоволен бидејќи тој барал ефективна казна затвор од две години но и да пресудел судот така, вели тој, него маката и душевната болка што ја поминал со неговото семејство со ништо не може да му биде платена.

Планот „3-6-9“ и полициската бруталност

Иако најавени уште за време на предвремените локални избори во 2016 година реформите во полицијата за сега одат бавно.

Според планот „3-6-9“ оваа власт се обврза дека бескомпромисно ќе се бори против полициската бруталност. Во пакетот реформски закони е и оној за внатрешни работи чија цел е воведување ефикасна контрола над работата на полицијата. Предвидено е формирање полициски омбудсман, кој ќе има канцеларија кај Народниот правобранител и ќе може да иницира одговорност од вработен во МВР како и негова дисциплинска одговорност. Со Законот за Јавно обвинителство е предвидено формирање на посебно одделение во Основото јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, како и специјализирани иследници, кои ќе работат на контролата на работата на полицијата.

Со Законот за полиција пак, треба да се ограничат средствата за присилба на полицајците и бруталната употреба на електричниот парализатор и гумените куршуми.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.