Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите, објави вечерва Студентскиот пленум на нивниот блог.
Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!
Во моментов ситуацијата е смирена, а има и новинарски екипи. НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!
#ПоздравПленумци, објави Студентскиот пленум на нивниот блог.
Претходно, Студентскиот пленум на социјалната мрежа Фејсбук објави дека студентите биле тепани на демонстрациите.
“Денес пленумци и пленумки беа брутално тепани од полицијата додека беа на протест против полициска бруталност. Нема да ви ќутиме. #ПоздравПленумци”, објавиja Пленумци на Фејсбук.




