„Бугарија е адвокат и голем пријател на сите земји од Западниот Балкан. Ние го поддржуваме европскиот пат и НАТО интеграциите на сите земји. Во 1999 година меѓу Македонија и Бугарија имаше декларација за добрососедски односи. Тоа беше едноставен, но добар документ на две страници во кој се велеше дека двете земји историски нешто заеднички направиле. Добри соседски односи. За жал денешната влада во Македонија овој документ го прогласи како неважечки . И кажа – ова не е за нас! изјави претседателот на Бугарија Розен Плевнелиев, конференција за печат во Берлин, за
Дојче веле на македонски.
-Секако дека Бугарија се залага за добар договор за добрососедски односи. И ништо повеќе, ниту помалку. Тоа е стандарден документ кој може да се состави во неколку часа. Ние исто така велиме дека потпишувањето на старата декларација за добрососедските односи може да го има истиот ефект. Ние воопшто не разбираме зошто денешната власти во Скопје се откажаа од оваа добра декларација за добрососедски односи. Ние сме тука, ние ја даваме поддршката дење и ноќе.
Ние сме голем пријател, ја гледаме иднината на Македонија која е исклучително значајна за Балканот. Но, ве молиме пристапете кон основите на модерната дипломатија. Да започнеме со добрососедството!“, кажа на конференција за печат во Берлин претседателот на Бугарија Розен Плевнелиев (на насловната фотографија) одговарајќи на две прашање на Дојче веле: до каде е стасано со договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и дали ќе Бугарија ќе го поддржи интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ.




