Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плоштад Слобода: Лентите во боја не се велосипедски патеки

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 11:47


*аматерски снимки

Според „Плоштад Слобода“, Град Скопје треба престане да се подбива со граѓаните на Скопје и да почне да вложува во вистинска велосипедска инфра-структура и подобрување на сообраќајната култура за сите учесници.

„Градоначалникот Коце Трајановски го гледаме на велосипед само во предизборна кампања и во други два дена во годината, пред се на фотографии во медиумите. Затоа, го повикуваме господинот Трајановски да избере било кој друг ден, и од својот дом во Автокоманда, да се обиде со велосипед да стигне на работаа, во просториите на Град Скопје. Така Градоначалникот ќе може да се увери во непостоењето на велосипедската инфра-структура, но и на основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот во Скопје“, се вели реакцијата.

Од здружението забележуваат дека сообраќајот е формиран само за автомобилите, додека пешаците и велосипедистите страдаат на сметка на тоа.

– Општиот впечаток е дека сообраќајот и паркинг условите во градот се подредени на потребите и доминацијата на посилните, оние со автомобили. Семафорите се прилагодени само за потребите на возачите, а на штета на пешаците и велосипедистите. Пешаците и велосипедистите се толку репресирани во сообраќајот, што се приморани секојдневно да се движат по коловозите, меѓу возилата. Затоа и активности и кампањи за подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот се непознати појави кај оваа администрација. Постојано се носат репресивни правила и закони кои го уредуваат однесувањето на велосипедистите, пешаците, граѓаните, а оние со автомобили и мотори дивеат по скопските улици.

Згора на сето тоа, пишува во реакција,а ниеден од новите урбанистички и сообраќајни зафати низ градот не ги земаат предвид велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот. Ниеден од новите булевари на Трајановски нема предвидени велосипедски патеки. На Климент Охридски пешаците и велосипедистите делат тротоар во ширина од 1 метар, на Илинденска несоодветните сливници го прават возењето невозможно, а на Првомајска тесните тротоари што се делат со пешаците се понебезбедни од било кога заради зголемената брзина на возилата. Во Скопје речиси и не постојат рампи за заштита од уништување на велосипедите од рабниците на тротоарите, а единствените промени беа направени за да се прилагодат овие премини на новововедената кочија од проектот Скопје 2014.

Организацијата ги повикува Градот, а и медиумите, како и сите сограѓани, критички да се пристапи кон разните „дефилеа“ за некакви патеки, велосипедска инфра-структура и сл. Освен потегот долж реката Вардар (и тој узурпиран со работите на Скопје 2014) во градот Скопје не постои делница доволно уредена и доволно безбедна за одвивање на било каков велосипедски сообраќај. Време е да ги нарекуваме работите онакви какви што се! А чкртањето ленти во боја по улиците и тротоарите не се велосипедски патеки!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.