Published: Monday, February 9, 2015 12:57
По триесет дена притвор им е одреден на 52-годишниот скопјанец Ѓ.Л., вработен во МВР, и на поранешниот вработен во полицијата, 49-годишниот велешанец З.К., кои беа уапсени во рамки на истрагата за случајот „Пуч“.
Добиле кривична пријава за „шпионажа“ и за „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“.
Според полицијата, двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени.
Во акцијата „Пуч“ досега се осомничени шестмина, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга и локален раководител од општина Струмица.




