Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 40 години реновиран полицискиот објект во Ресен

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 5, 2021 11:01

Објектот на Одделенето за внатрешни работи на Општина Ресен е комплетно реновирано по 40 години.  Ова е 55-ти реновиран полициски објект во земјава, а инвестицијата е 12,7 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи.  На увид на реновираниот објект во Ресен, денеска присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според премиерот станува збор за уште една остварена обврска во континуитетот на реализацијата на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици.

– Од денеска и ова реновирано одделение станува дел од остварувањата посветени на изградба на функционална инфраструктура во системот на нашата полиција и Министерството за внатрешни работи. Овие современи услови придонесуваат кон гаранцијата за редот, безбедноста и владеењето на законите. Како етаблирање на полицијата, како гарант за заштита на законитоста и како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, рече Заев.

Информира дека покрај овој објект во Ресен, завршеи се уште многу вакви активности, односно дека се завршени работите на Аеродромската база Петровец, на полициските станици и одделенија во повеќе регионални центри и општини, новите современи форензички лаборатории, како и многу други зафати за современи услови за работа на полицијата и другите припадници на МВР, а во овој момент активни се работите на реконструкција или реновирање на СВР Куманово, на Полициско одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работите и на Одделение за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.

Реконструкцијата на Одделението за внатрешни работи во Ресен започна од средината на месец јануари 2021 година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека ова е едно од 55-те полициски објекти кои се реновирани во земјава, а дел од преземените градежни работи се санација на кровот, поставена е громобранска инсталација, санирани се оџаци, поставени се нови олуци, целосна нова термоизолација на фасадата, заменети се влезните портали со нови, тоалетите, нова стражарска куќарка, комплетно е реовирана просторијата за приведување согласно важечкиот правилник…

За реновирањето, како што рече, инвестицијата е 12,700 милиони денари обезбедени од буџетот на МВР.

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски рече дека на новото оделение се чекало  повеќе од 40 години, и дека реконтрукцијата е капитален проект кој е во функција на граѓаните.

Присутните го честитаа и Денот на полицијата – 7 мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.