Традиционалната акција „Верверичка“ на Комерцијална банка АД Скопје, продолжува и оваа година.
По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Банката ќе им отвори штедни книшки – отворено детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали или експозитури.
Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2016 година.

