Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 6.000 денари од државата – кога и како граѓаните ќе може да ги трошат овие средства?

0
By Нова ТВ on November 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради глобалната криза со коронавирус, Владата на РСМ носи пак мерки со кои директно се помага на граѓаните. По реализацијата на проектот купувам домашно и туристичките ваучери, сега граѓаните ќе добијат и по 6.000 денари на своите трансакциони сметки. За ова да се реализира треба измените на законското решение да поминат во законодавниот дом, а тоа е неизвесно кога ќе се случи.

КОЈ ЌЕ ДОБИЕ ПОМОШ?

Државната помош од 6.000 денари пензионерите, самохраните родители, невработените и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите. Лицата со месечни примања под 15 илјади денари, евидентирани во ПИОМ до 27 октомври ќе добијат помош на трансакциската сметка во банката, со која ќе потпишат договор во рок од 5 дена по влегување на законот на сила.

Конечната листа на корисници пак, со име, презиме и банка каде ќе се врши уплатата, Генералниот секретаријат ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од 8 дена по стапување на сила на законот, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјални работи во рок од 12 дена.

За лицата пак, кои ќе поднесат приговор, Ген секретаријат ќе им одговори и ќе достави конечна листа до банките во рок од дваесет дена. Со овие пари граѓаните нема да можат да купуваат каде што сакаат, туку само во објектите кои ќе се регистрираат на интернет страната Купувам домашно, во рок од 5 дена по изгласување на законот.

ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ?

Парите нема да може да се подигнат во кеш и со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на фирми кои нема да се пријават како даватели на услуги. Помошта треба да се искористи до 25 декември. за што Владата издвои 27 милиони евра.

„Платежни картички нема да се печатат за да се спречи гужвата пред банките и да се заштити здравјето на граѓаните, но и за да се намалат трошоците, затоа што сега нивната изработка би била на терет на државата“, вели Фатмир Бесими – министер за финансии.

Од Владата засега немаат одговор како ќе се контролира дали оваа помош ќе се употреби за купување македонски производи, со цел да се помогне домашната економија.

И ФИРМИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ДРЖВНА ПОМОШ

Над 13500 барања се одобрени за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за месец октомври 2020 година, а веќе е исплатена на скоро 12000.

„Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари, а опфатени се 58 302 вработени. Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение“, велат од Управата за јавни приходи.

Оваа мерка е дел од четвртиот пакет економски мерки, и се однесува за поддршка на работодавачите за исплата на плата на вработените во последните три месеци од оваа година, односно за октомври, ноември и декември.
Има и такви бизнис кои се жалат на последните мерки на Владата. Пример се свадбените работници, кои велат дека не можат да аплицираат за новите мерки за финансиска поддршка иако им стојат на располагање. Многумина од нив кои се со неколку вработени не ги исполнуваат условите. Бараат државата да донесе мерки со кои ќе бидат опфатени само малите бизниси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.