Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По бројните реакции државата ја зголеми за 30 пати цената на градежното државно земјиште

0
By Соња Крамарска on March 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии ја измени Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште, со што се менува висината на надоместот за приватизација на градежното земјште во државна сопственост. Со измените, за 30 пати се зголемува цената на неизграденото земјиште наменето за колективно домување и комерцијален деловен објект, за стопански производни објекти таа се зголемува за 20 пати.

Надоместот за приватизација на државното градежно земјиште, кое е за индивидуално домување или колективно домување кое е изградено, останува непроменет од 61 денар за метар квадратен.

Уредбата се однесува на надоместокот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост што се спроведува од страна на Управата за имотно-правни работи. Станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде што е стекнато корисничко право.

Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Дополнително и за да им се оневозможи на правни и физички лица кои по основ на приватизација по досегашната ниска цена градеа згради и се збогатуваа, како што е последниот случај со продажбата на земјиштето спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Висината на надоместот ќе зависи од тоа во кој од петте региони се наоѓа земјиштето и дали е во централно или е надвор од централно подрачје.

Според новиот ценовник, во скопските општини за неизградено земјиште за колективно домување и комерцијален деловен објект висината на надоместот ќе изнесува 13.140 денари за метар квадратен, за стопански производни објекти 8.760 денари и објекти за спорт и рекреација 4.380 денари. (С.К.)

Министерство за финансии цена на градежно земјиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.