Познатата шпанска скијачка и олимпијка, Бланка Фернандез Очоа е пронајдена мртва во околината на Мадрид, јавуваат тамошните медиуми. Нејзиното тело е лоцирано во северозападниот дел на главниот град, две недели откако била видена за последен пат, а потоа и пријавена за исчезната, соопшти шпанската полиција.
Шпанските медиуми објавија дека мерцедесот на Очоа бил пронајден пред три дена по што веднаш почнала масовна потрага по неа што, за жал, заврши без среќен исход.
Фернандез Очоа освои бронзен медал во слалом од зимските олимписки игри во Албервил во 1992 година. Нејзиниот брат Франсиско, пак, е носител на првиот олимписки медал во историјата на Шпанија во што успеа во слалом на Игрите во Сапоро во 1972 година.