Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По економската криза, Венецуела пред реална закана од граѓанска војна

0
By Нова ТВ on January 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 24, 2019 13:35

Најбогатата држава со нафта во светот Венецуела освен што е во тешка економска, западна и во голема политичка криза, откако од вчера опозицијата сака да ги преземе работите во свои раце додека актуелниот претседател Николас Мадуро нема намера да ја предаде власта и вели дека има поддршка од армијата.

Претседателот на Парламентот Хуан Гуаидо синоќа се прогласи за привремен претседател и даде заклетва. По ова, американскиот претседател Доналд Трамп го призна официјално Гуаидо за вршител на должноста, претседател на Венецуела и ги повика и другите западни влади да го признаат Гуаидо и најави продолжување на притисокот врз Каракас.

Getty

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го повика Мадуро да ја напушти претседателската функција и ја повика армијата на Венецуела да ги поддржи напорите за обнова на демократијата.

Како одговор, венецуелскиот министер за одбрана Падрино Лопез објави дека армијата е на страната на Мадуро и не го признаваат Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела.

Мадуро соопшти дека државата ги прекинува дипломатските односи со САД.

– Одлучив да бидат прекинати дипломатските и политички односи со империјалистичката влада на САД. Надвор! Да си одат од Венецуела, тука имаме достоинство, изјави Маудо.

Тој им даде рок од 72 часа на дипломатите на САД да ја напуштат Венецуела. Мадуро ги обвини опозицијата и САД дека се обидуваат да извршат државен удар и да донесат на власт марионетска влада.

Приврзаници на опозицијата со денови протестираат против новиот мандат на Мадуро во градовите Каракас,Баркисименто, Маракаја, Санхристобал. Во изминатите три дена повеќе од 200 луѓе беа приведени, а најмалку 16 демонстранти загинаа.

Мадуро ги повика своите приврзаници на демонстрации за поддршка на владата.

Ситуацијата е сериозно опасна, бидејќи постои реална закана од почеток на граѓанска војна.

Хуан Гуаидо преку Твитер објави дека Венецуела поддржува дипломатски односи со сите држави во светот и изрази подготвеност да биде обновен уставниот поредок во државата. Во писмо до амбасадите до сите држави кои имаат диполоматски претставништва во Венецуела Гуаидо ги повика да го зачуваат дипломатското присуство во државата.

Реакции

Европската комисија соопшти дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Венецуела.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини повика за „итно почнување политички процес во Венецуела по кој ќе се оддржат слободни избори во согласност со Уставот“.

Француското претседателство соопшти дека се консултира со европските партнери пред да заземе став додека германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика страните во конфликтот во Венецуела да зачуваат мир и да се воздржат од насилство.

EPA

Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, ги повика венецуелските политички сили за дијалог за да се избегне катастрофа во земјата.

– Се надеваме дека дијалогот е можен за да се избегне ескалација што води кон конфликт што ќе биде катастрофа за населението во земјата и за регионот, изјави Гутереш на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

– Ние сме загрижени за ситуацијата во Венецуела и за страдањата на населението во оваа земја, рече шефот на ОН во интервјуто објавено преку Фејсбук.

Воена интервенција на САД во Венецуела би претставувала катастрофално сценарио и Москва го предупредува Вашингтон да не презема такви чекори. Тоа го изјави денеска заменикот шеф на руската дипломатија Сергеј Рјабков за списанието Меѓународен живот.

– Додека ние ја следиме ситуацијата во Венецуела, гледаме напори на друпа држави меѓу кои и САД, дека користат разни платформи меѓу кои и Органзиацијата на американски држави, за вршење притисок врз нашата пријателска Венецуела со разни предлози, нагласува тој.

– Русија ја поддржува Венецуела и ќе ја поддржува и ќе биде на страната на одбраната на суверенитетот и принципите за немешање во внатрешните работи на една држава, додаде Рјабков.

Од економска во политичка криза

Во изминатите години влијателните луѓе од опозицијата како Енрике Каприлес, Фреди Гевара и Леополдо Лопез исчезнаа од политичката сцена. Лопез е во домашен притвор, Каприлес е лишен од граѓански права, а Гевара побара азил во Амбасадата на Чиле во Каракас.

Лидерот на опозицијата кој се самопрогласи за претседател, Хуан Гуаидо беше речиси непознат досега. Од него се очекува во следните денови да успее одново да ја мобилизира опозицијата и сите противници на Мадуро кои во изминатиот период беа поделени и ослабени.

Гуаидо на 5 јануари стана претседател на Парламентот.

Гуаидо е во политиката од 2007 година откако учествуваше во протести против поранешниот претседател Хуго Чавез.

Тој има поддршка од генералниот секретар на Органзиацијата на американски држави Луис Алмагро на САД и Бразил. Во неделата светот го обиколија инсерти од пасењето на Гуаидо од страна на венецуелската разузнавачка служба. Неколку часа подоцна тој беше ослободен. Два дена подоцна доби поддршка од потпретседателот на САД, Мајк Пенс за „смелото лидерство“.

Венецуела има повеќе нафта од која и да е друга држава во светот. Некогаш беше една од најбогатите држави во Латинска Америка, а денес Венецуела страда од недостиг на речиси се – од тоалетна хартија до антибиотици и храна. Економијата веќе пет години по ред е во голем пад.

Економската ситуација и репресиите против оние кои не се согласуваат со владината политика натераа речиси три милиони Венецуелци да ја напуштат државата.

САД и ЕУ воведоа санкции против таа држава заради непочитување човекови права, политички репресии и корупција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.