52 -годишниот Александар Шаленберг е австриски дипломат, адвокат и политичар. Вниманието кон него го сврте предлогот на досегашниот австриски канцелар Себастијан Курц кој поднесувајќи си оставка порачал Александар Шаленберг да е неговиот наследник.

Шаленберг важи за силен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Тој дури и во преодната влада, го поддржуваше  Курц по прашањето за проширување на ЕУ, кон Западен Балкан и е еден од министрите кои отворено се спротивставија на одбивањето Република Северна Македонија и Република Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.

Шаленберг во кабинетот на Курц, од 2019 година ја врши функцијата Шеф на австриската дипломатија.

Роден на 20 јуни 1969 година во Берн, како син на австриски амбасадор, тој детските години ги поминува  во Индија, Шпанија и Франција. Од 1989 до 1994 година студирал право на Универзитетот во Виена и во Париз. По дипломирањето, ги продолжил студиите на Европскиот колеџ.

Во 1997 година, Шаленберг влезе во австриското Министерство за надворешни работи. На 3 јуни 2019 година, тој ја наследи Карин Кнајсел како министер за надворешни работи на Австрија.

Татко е на четири деца и е разведен.