Освен поетот Дарко Лешоски, оставка од функцијата претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата поднеле уште двајца членови на одборот, Николина Велкоска-Глигороска и Маринела Ојлеска.
Лешоски, Велкоска-Глигороска и Ојлеска на овие функции се избрани како истакнати поединци во културата, додека последниот член на одборот кој не поднел оставка, Џеладин Пошка е избран од редот на вработените во установата.
Од министерството ни објаснија дека Ојлеска поднела оставка од лични причини, додека Велкоска-Глигороска поради конфликт на интереси бидејќи била советник во Општина Струга.
Петрит Сарачини, посебен советник на министерот за НОВА ТВ изјави дека жалат за оставката на Лешоски, но не се изненадени од неговата постапка по низата навреди и напади кои беа упатени кон него на социјалните мрежи.