Истражен судија денеска е во посета на претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ во притворот во Шутка, јавуваат македонскит медиуми.
По пет дена откако Шиповиќ беше екстрадиран во земјава, ќе даде исказ пред истаржен сдуија и тоа не во суд, туку во затворот во Шутка.
За адвокатот Штерјо Зиков се уште е нејасно зошто се чекаше пет дена откако Шиповиќ е екстрадиран во Македонија, тој да даде исказ пред истражен судија и зошто исказот му се зема во притвор.
Мирослав Шиповиќ беше уапсен на 15 октомври на аеродромот во Виена, на враќање во земјава од САД.
На 22 ноември во доцните вечерни часови, Мирослав Шиповиќ од Виена беше екстрадиран во истражниот затвор во Скопје. Истражниот судија за Шиповиќ во отсуство одреди мерка притвор во рок од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање.
Мирослав Шиповиќ е првоосомничен во случајот „Претседавач“, тој се товари за финансиски криминал во фирмата „Машинопромет“ тежок милион евра во времето додека бил на чело на Управниот одбор.




