Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2026 17:53

Министерот за внатрешни работи седна на маса со претставници на Јавното обвинителство, на Министерството за социјална политика, демографија и млади, на Министерството за правда и на граѓанските организации што работат со заштита на жените со цел да се координираат и да најдат решение како жртвите на семејно насилство да бидат заштитени 24/7.

По трагедијата во Тафталиџе и откако само во 2025 година пет жени беа сурово убиени од нивни партнери, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги седна на заедничка маса сите институции што се вклучени во заштитата на жените од семејно насилство, уверувајќи дека секој полицаец ќе го даде максимумот за да се спречи насилство врз жена и дете, дури и ако жртвата се повлече од првичната пријава.

Жената што се фрли од балкон од зграда во Тафталиџе заедно со своето дете в раце, повеќепати пријавувала во полиција дека била жртва на семејно насилство, но секогаш ја повлекувала изјавата, вели Тошковски, кој ова го детектира како еден од најголемите проблеми кога жртвата се откажува под притисок на насилникот. Пред да се случи трагедијата, жената пријавила во полиција дека сопругот ја тепал, но пред полицајците рекла дека немале никаков физички контакт.

Иако веќе беше на сила новиот Кривичен законик, според кој полицијата може да постапува по службена должност, дури и кога жртвата ја повлекува пријавата, сепак полицајците не процениле дека жената е жртва на насилство.

Тошковски седна на маса претставници на Јавното обвинителство, на Министерството за социјална политика демографија и млади, на Министерството за правда и на граѓанските организации што работат со заштита на жените со цел да се координираат и да најдат решение како „системот 24/7“ да одговори и да ги заштити жртвите.

Верувајте дека секој македонски полицаец ќе го даде максимумот во рамките на спречување какво било насилство, особено насилство врз малолетни деца и жена, жртви на семејно насилство. Јас сум сигурен дека нема полициски службеник што не би дал максимум кога би излегол на терен и кога би констатирал таква фактичка состојба. Но, притоа мора сите да имаат предвид дека жртвите се под притисок на насилниците, дека можат да сменат изјава, дека можат да ја повлечат, но работата на полициските службеници не треба да заврши тука. Мора да направат процена на ризик, треба да преземат чекори во рамките на утврдена процедура, треба да се обратат до инспектори што се посебно обучени во делот на семејно насилство. Треба да овозможиме реакција од страна на судот 24/7. Имаме многу чекори што може да ги подобриме во иднина, изјави Тошковски.

Тој пред конференцијата зборуваше само за семејното насилство и не сакаше да даде изјава за безбедносните процени што ги направило Министерството за внатрешни работи за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се врати во земјава и на кој му беше определен притвор.

Свое обраќање имаше в.д. републичката јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, која исто така кажа дека жртвите ги повлекувале пријавите и дека Јавното обвинителство детектирало недостиг на пријави и информации од центрите за социјална работа и непрепознавање на насилството на терен.

Најголемиот дел од предметите се за кривичното дело телесна повреда. Од почетокот на 2024 година до Обвинителството имало доставено 1.715 постапки за семејно насилство, од кои 798 биле повлечени. Кога жртвата молчи од страв, институциите мора да знаат да ја слушаат кога жртвата се повлекува поради притисок и зависност. Системот мора да биде доволно силен за да ја заштити жртвата, рече таа.

На конференцијата присуствуваа и многубројни организации за заштита на жените.

Извор: Слободен печат.мк / Фросина Факова Серафиновиќ

 

 

жени Тошковски убиени штити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

ВЕСТИ April 12, 2026

Високите претставници на американската и иранската делегација го напуштија Исламабад по 21 час преговори без…

ФОП за финалната верзија на законот за високо образование: Консултациите беа театар во кој студентите и професорите беа статисти

April 12, 2026

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

April 12, 2026

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.