Published: Thursday, December 19, 2013 09:14
По пожарот во стамбена зграда вчера во Тетово, едно три месечно бебе е префрлено на Клиничкиот Центар во Скопје и се наоѓа во потешка здравствена состојба, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.
Сите станари од зградата вчера биле примени во болницата во Тетово а дел од нив веќе се пуштени дома. Со потешко задушување во болница се задржани двајца пожарникари и пет станари од опожарената зграда, меѓу кои и три деца.
Според информациите од Кризниот штаб кој се одржал веднаш по завршувањето на акцијата за евакуација во станбената зграда, сите станари се згрижени кај свои роднини и пријатели, освен едно лице кое е во касарната во Тетово.




