Published: Monday, October 21, 2013 13:13
Опозицијата во Собранието на Македонија денеска побара прекин на седницата во траење од еден час, во знак на протест поради пресудата со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор.
Како што објавува Телма ТВ, пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, од говорницата рече дека е донесена уште една пресуда, како што нагласи, во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со која новинарот Кежаровски, без докази, е осуден на затворска казна. Во знак на протест тој побара пауза во траење од еден час.
Спирекот Трајко Вељаноски ја даде паузата, давајќи кус коментар: „очигледно е дека некому денеска не му се работи“.




