По пладневната пауза, со процедурална забелешка се јави координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Силвана Бонева, која одговори на барањето на пратеникот на НСДП Горан Мисовски, кој побара едночасовен прекин на седницата поради судската пресуда за 4,5 години затвор за новинарот Кежаровски.
„Ги повикувам сите пратеници од Собранието на РМ по барањето на Мисовски да не ја мешаат работата на законодавната и независната судска власт, бидејќи на тој начин се руши една од основните вредности пропишани со Уставот.
– Најмногу пратениците треба да го почитуваат Уставот и да не го претвораат Собранието во суд, рече Бонева.
– Судската власт е самостојна и независна и судиите судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори, а не онака како што сакаат пратеницте. Затоа ги повикувам да не го блокираат работењето на собранието“, беше децидна Бонева.
На ова реплицираше пратеникот Ивон Величковски, од ЛП, кој истакна дека процедуралната забелешка на координаторот на владеачката партија, Бонева претставува нејзина политичка тирада со што претседателот на Собранието дозволил злоупотреба на деловникот од страна на Бонева.
„Ако зборуваме за европската правна пракса ќе ве потсетам на два случиа, кои поминаа со
условна или парична казна.
– Станува збор за прекршување на правната пракса и на досегашната добра пракса, но со случајот Кежаровски не е така.
„Не можете, му се обрати Величковски на спикерот Велјановски, да го спречите правото на револт и правото на изразување револт по донесената судска пресуда“.
– Судската и закондавната власт треба да бидат одвоени но во РМ не се одноени јас ќе водам политичка дебата за тоа, дециден беше Величковски.
Да останеме на процедурални забелешки, повика спикерот Велјановски и ја посочи салата 3 каде пред новинарите пратениците можат да кажат што имаат за јавноста.




