„Си-Ен-Ен“ престана со емитување на програма во Русија, откако претседателот Владимир Путин ја потпиша уредбата која предвидува казна затвор и до 15 години за лицата кои шират дезинформации за руските вооружени сили.
Портпаролот на „Си-Ен-Ен“ рече дека „телевизијата ќе престане да емитува програма во Русија, ќе продолжиме со проценка на ситуацијата и нашите следни чекори“.
Се огласија и од „Блумберг њуз“ од каде порачаа дека ќе го следат примерот на „Си-Ен-Ен“.
„Со големо жалење се одлучивме за привремен застој на работата на нашите новинари во Русија. Промената на казнениот закон, за која се чини дека е смислена за секој независен известувач да го претвори во криминалец, оневозможува продолжување на било каков привид за нормално новинарство во земјата“, вели главниот уредник на „Блумберг“, Џон Миклевајт.




