Софија: Владата на Бугарија по масовните протести, несогласувањата од партиите и синдикатите и предупредувањето од ЕУ дека не е во согласност со буџетските правила на Унијата, денеска го повлече предлог буџетот, што беше доставен до Парламентот.
Лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов ја повика Владата на Росен Желјазков да ги продолжи разговорите со социјалните партнери – работодавците и синдикатите.
Неколку десетици илјади граѓани синоќа протестираа пред Парламентот во Софија поради планираниот буџет за 2026 година.
Демонстрантите изразија загриженост поради предвиденото зголемувањето на социјалните придонеси и даноците, како и против издвојувања на речиси 46 проценти од бруто домашниот производ за Владата.
Протестот го организираа опозициските партии Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија. Демонстрантите „Мафија“, „Буџетот е шуплив“. „Не сакаме банкрот“.

