Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По само еден месец власт – чешката влада во оставка

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Чешката влада на чело со економистот Јиржи Руснок поднесе оставка откако минатата недела ѝ беше изгласана недоверба во парламентот, по само еден месец на власт.

Главните парламентарни партии се во судир со претседателот Милош Земан, откако во јуни, спротивни на нивните желби, го именуваше својот долгогодишен соработник, економистот Јири Руснок, за мандатар на новата влада, откако претходниот премиер Петр Нечас поднесе оставка по избувнувањето на аферата за подмитување и прислушување во чиј центар беше шефицата на неговиот кабинет и негова љубовница, во кој беа вмешани и парламентарци и високи функционери на разузнавањето.

Партиите го обвинуваат Земан, левичар кој победи на почетокот од 2013 година на првите непосредни претседателски избори во Чешка, дека со именувањето на својот поранешен советник ги заобиколува уставните одредби и си ги зголемува своите овластувања.

Како што се очекува, парламентот на Чешката Република на 16-ти август ќе започне разговори за самораспуштање на Домот на пратениците. Доколку пратениците гласаат за предвремени парламентарни избори, според уставот, шефот на државата ќе го распушти Домот на пратениците.

Според уставот, исто така, претседателот по распуштањето на парламентот го одредува датумот за предвремени избори. Чешките политички аналитичари сметаат дека предвремените избори би можеле да се одржат уште кон крајот на октомври годинава. Во тој, новиот парламент може да го одобри буџетот за 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.