Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По случајот Гардијан, загриженост за слободата на медиумите

0
By Нова ТВ on August 22, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот весник Гардијан од Врховниот суд побара судски налог за заштита на материјалите кои му беа одземени на партнерот на новинарот Глен Гринвалд. Адвокатите на Бразилецот Дејвид Миранда изјавија дека материјалите кои му се одземени на Миранда во текот на неговото деветчасовно испитување содржат доверливи информации.

Европската комисија изрази загриженост истакнувајќи дека се работи за напад на слободата на медиумите. Новинарите во Лондон се под притисок што ја обелоденија аферата за шпионирање. Новинарските здруженија се загрижени за слободата на печатот пишува Дојче Веле.

Притисок и заплашување се извршени врз Глен Гринвалд, новинарот кој контактираше со Сноуден и пишуваше извештаи за Гардијан, како и врз неговиот партнер Дејвид Миранда.

Организацијата „Репортери без граници“ инцидентот во Лондон го оцени како шиканирање и напад на истражувачкото новинарство. САД и Велика Британија се обидуваат да ја уништат мрежата која стои зад новинарското обелоденување на шпионската програма на двете земји, истакна Михаел Редиске од организацијата.

-Загрижувачки е фактот што тајната служба го принуди главниот уредник на најреномираниот весник во Велика Британија да го уништи информативниот материјал. Но, неразбирливо е притоа зошто уредникот потклекнал на притисоците, без да се обрати до судовите и веднаш да излезе во јавноста вели Редиске.

И Здружението на германските новинари ДЈФ, исто така го критикуваше однесувањето на властите кон Гардијан како напад врз слободата на печатот.

-Во Германија ова не е можно. Германските закони исклучуваат можност агенти на тајна служба да се појават во некоја редакција и да надгледуваат уништување на информации, рече портпаролот Хендрик Цернер за Дојчланд функ.

Гардијан е еден од најугледните британски весници. Леволибералниот весник го оправда овој епитет во аферата околу американската тајна служба НСА и британската ГЦХКУ. Весникот известуваше за активностите на двете тајни служби кои очигледно ги шпионирале телекомуникациските врски на граѓаните. Информациите на Гардијан му ги обезбеди екс-соработникот на НСА, Едвард Сноуден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.