Сметам дека господинот Нимиц е личноста која треба да го менаџира проблемот кој не попречува во зачленувањето во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ. Ќе видиме и ќе почекаме како ќе се одвиваат настаните со посетата на господинот Нимиц. Господин Нимиц е задолжен токму за оваа толку важна тема, која не интересира и нас, така што остануваме оптимисти дека господинот Нимиц доаѓа со една мисија“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети по посетата на Атина и средбата со шефот на грчката дипломатија.
Ахмети во Атина изјави дека Грција ја поддржува интеграцијата на нашата земја во сите структури, но бара да се затвори прашањето за името.
Со државни и воени почести, Ахмети беше пречекан и од министерот за одбрана на Грција, Димитриј Аврамопулос.
Ахмети вчера од Атина најави дека дипломатската офанзива на ДУИ ќе продолжи и во други земји од Европската Унија.
По средбата со Ахмети, грчкиот министер за надворешни работи Венизелос одржа средба со премиерот на Грција, Антонис Самарас. Како што соопшти грчката новинска агенција АНА-МПА, Венизелос со грчкиот премиер Самарас разговарале и за прашањето за името.
„Премиерот на Грција Антонис Самарас и лидерот на ПАСОК, вицепремиерот Венизелос, синоќа одржаа средба во Владата за да разговараат за последните случувања. Според извори во ПАСОК, главна тема на разговорите беше надворешната политика и настаните во Сирија, Египет и поранешната југословенска Република Македонија. Во разговорот за ПЈРМ учествувал и грчкиот заменик – министер за надворешни работи, Димитрис Куркулас“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Ахмети синоќа во Атина изјави дека Грција ја поддржува интеграцијата на нашата земја во сите структури, но бара да се затвори прашањето за името. Со државни и воени почести, Ахмети беше пречекан и од министерот за одбрана на Грција, Димитриј Аврамопулос.
Ахмети вчера од Атина најави дека дипломатската офанзива на ДУИ ќе продолжи и во други земји од Европската Унија.




