Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По третиот обид Центар го презема државното земјиште на својата територија

0
By Нова ТВ on January 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 30, 2014 16:15

Со 22 гласа „За“ советниците во општина Центар едногласно ја изгласаа Предлог-Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Македонија на подрачјето на Општина Центар-Скопје за 2014 година.

Ова беше трет обид на општината, да го добие во владение неизграденото градежно државно земјиште на територија на Центар. Советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, претходно два пати гласаа против ваквата одлука.

Пред донесувањето на одлуката, на седницата на Советот на општината се одвиваше жестока дебата помеѓу градоначалникот Жерновски и советниците од редовите на владејачката партија.

Она што Андреј Жерновски го напомена е дека доколку советниците од ВМРО – ДПМНЕ и првиот пат гласале за неизграденото земјиште да премине во сопственост на Центар, ќе се избегнела криминалната распродажба за 71 денар на атрактивното земјиште кај Народна Банка.

„Од авион се виде намерата зошто не гласавте “За“. Тоа не беше заради некоја ситна грешка“, им порача градоначалникот на Центар на советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова рече дека програмата не била добро изготвена од стручните служби на општината и затоа ВМРО –ДПМНЕ не гласале за програмата, а воедно на Жерновски му забележа дека не знае добро да ја води општината и дека стручните служби не се компетентни.

Советникот од Сојузот за иднината, Дарко Атанасовски на колегите од спротивната партија им забележа за критиките и посочи дека тие не ги обвинувале истите стручни служби во времето кога Владимир Тодоровиќ од ВМРО ДПМНЕ, раководел со општината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.