Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По упадот во Канал 103, генералот Стојанче Ангелов повикува на собир пред МРТ

0
By Нова ТВ on March 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 14, 2015 11:22

Првиот човек на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов преку својот фејсбук-профил повикува на собир пред Македонската радио-телевизија денеска во 12 часот по повод вчерашниот упад на обезбедувањето на МРТ во емисија на Канал 103, откако радиото сместено во зградата на јавниот сервис го покани генералот како гостин на нивната програма.

– Дојдете денеска во 12.00 часот пред МРТВ! Дојдете за заедно да ја оослободиме од стегите на режимот! За доброто на сите македонски граѓани, напиша Ангелов на Фејсбук.

Обезбедувањето на зградата на Македонската радиотелевизија (МРТ) вчера вечерта упадна во емисија на независното музичко радио Канал 103, кое емитува програма од овој објект, и го легитимираше водителот. Оваа реакција на обезбедувањето следува по новиот обид на генералот Стојанче Ангелов да влезе во зградата на јавниот сервис и да ги презентира снимките од телефонските разговори коишто ги објави опозицијата.

Лицата од обезбедувањето не му дозволија да биде гостин ниту во програмата на Канал 103, а упадот се случил нешто подоцна во ноќта.

– Додека бев во објектот на МРТ се сретнав со двајца водители од култниот Канал 103 или парчето светлина во мрачните лавиринти на Македонската радиотелевизија. Водителите ми предложија да отидеме во студио и да гостувам во нивната емисија. Прифатив без да му ја мислам и тргнав по нив. Тогаш ни пријде човек од обезедувањето и ни објасни дека јас не смеам да влезам внатре. Ми падна жал за човекот. Возрасен маж, со мустаќи, пред пензија. Не сакам да му ги загорчувам последните работни денови. Тој е најмалку виновен што му дале таква наредба. Има време, ќе гостувам друг пат, напиша Ангелов вчера на својот фејсбук-профил.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) утрово реагираше дека е запрепастен и згрозен од упадот во програмата и легитимирањето на водителот на емисијата на Канал 103 во МРТВ.

Аудио-снимка од упадот во Канал 103:

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.